Јадранското Море на италијанска страна годинава во јули достигна рекордна температура од 30 степени, а во некои делови и повеќе, што доведе до исчезнување одредени видови риби.
Според „Гардијан“, топлината на морето и слабите струи придонеле за широко распространета пролиферација, особено во северните и централните области на Јадранот, на муцилагин или слуз, густа, лигава бело-жолта супстанција формирана од разни микроалги што се акумулира на морското дно.
Оваа слуз е релативно уникатна за Јадранот на италијанската страна и има тенденција да се акумулира повеќе кога морето не добива доволно хранливи материи од реката По, која се влева во Јадранот на север.
Последен пат оваа супстанција толку значително се појавила во 1989 година, особено во водите на крајбрежните градови во регионот Емилија-Ромања, поради што туристите заминуваат.
Таа е многу опасна за риболов, ги блокира рибарските мрежи.