На ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез од државата, се бележи зголемена фреквенција на возила, што е карактеристично за летниот период, но исто како и на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
Ова посебно сеоднесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.