Вчера на граничниот премин „Богородица“ била уапсена 24-годишна Холаѓанка откако било утврдено дека и недостасуваат страници во пасошот.
„На 08.08.2024 во 20.00 часот на Граничниот премин Богородица, полициски службеници ја лишиле од слобода А.Н.Д.(24) од Холандија затоа што при пасошка контрола било констатирано дека во нејзината патна исправа недостасуваат страници. Таа била предадена на полициски службеници од Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка“ велат од МВР.