Министерството за правда ја информира јавноста дека го започнува процесот на изработка на нов Закон за судска служба.
„Новото законско решение има за цел да ја унапреди постојната регулатива, обезбедувајќи подобри услови за работа и правата на вработените во судскиот систем. Министерството за правда е посветено на создавање на праведен и ефективен систем кој ќе ја подобри ефикасноста на судството водејќи грижа за потребите на судската служба“ стои во кусото соопштение на Министерството.