Нема преживеани во авионската несреќа во Бразил, објавија американските медиуми, повикувајќи се на локалните власти.
Претходно денеска во јужната бразилска држава Сао Паоло се урна патнички авион со 62 лица.
На социјалните мрежи кружи видео на кое се гледа како леталото удира во дрвја, по што од местото на несреќата почнал да се издига густ облак од црн чад.