На сите им се случило да ја облечат омилената црна маица и наеднаш да се случи вистинска катастрофа, да се појават бели траги од дезодорансот поради што маицара изгледа неуредно.
Пред да ја смените кошулата или да почнете да користите марамчиња за бебиња, постои сигурен начин да се ослободите од белите траги од дезодорансот, пишува The Sun.
Новинарката Алисон Хол откри како може брзо да ги отстраните трагите од дезодорансот со помош на кадифена закачалка за облека. Бидејќи поминува многу време пред камера, знае како да се погрижи нејзината облека да изгледа свежо 24/7.
Кога на нејзините ракави ќе се појават бели траги од дезодорансот, таа едноставно ја трие дамката со кадифена закачалка. Меката, текстурана површина на кадифената закачалка ги прави изненадувачки ефикасни во отстранувањето на белите траги.
За разлика од посуровите ткаенини или сунѓери, кадифето е доволно меко за да не ја оштети вашата облека, но има доволно текстура за да ги отстрани остатоците од дезодорансот. Тоа е нежен, но ефикасен метод, што го прави совршен за деликатни ткаенини, како и за секојдневно носење.
Алисон го сподели својот трик во видео на Инстаграм, нарекувајќи го „најкорисното нешто што некогаш го објавила“.
„Белите траги од дезодорансот ме полудуваа додека не сфатив дека моите кадифени закачалки за облека прават чуда. Дали го знаете овој трик“, вели таа во видеото.
„Ова е најкорисното нешто што сум го видел цела недела“, се пошегува една жена, додека друга додала: „Ова е толку корисно“.