Вчера во село Селце, Штипско, полициски службеници ги приведоа И.А. (43) и Е.А. (19) поради незаконска сеча на дрва во забранет шумски предел на планината Серта. Во акцијата, која се одвиваше со помош на дронови, беа одземени трактор, моторни пили и исечените дрва. По наредба од Основното јавно обвинителство Штип, извршен е претрес во нивниот дом, при што се пронајдени испратници, одобренија за сеча, воздушна пушка и други предмети поврзани со делото.
Во акцијата биле користени и дронови, за кои пред неколку дена директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев најaви дека ќе вршат мониторирање на шумските појаси на територијата на целата држава.
По завршување на истрагата, против двете лица ќе биде поднесена кривична пријава.