Патнички авион со 61 лице се урна вчера во Бразил, во близина на градот Сао Паоло. Никој не преживеа.
„Компанијата со жалење информира дека сите 61 лице на летот 2283 загинаа на местото на настанот“, се вели во соопштението на „Воепас“, ревидирајќи го бројот на загинати од првичната проценка од 62 загинати.
Во авионот имало 57 патници и четворица членови на екипажот. Сите патници имале бразилски документи, изјавија претставници на авиокомпанијата, иако се уште не се знае дали некој има двојно државјанство.
Авионот удрил во неколку куќи кога се урнал, но никој на земјата не е повреден, изјавија градските власти за Си-Ен-Ен.
BREAKING: Voepass Flight 2283, a large passenger plane, crashes in Vinhedo, Brazil pic.twitter.com/wmpJLVYbB3
— BNO News (@BNONews) August 9, 2024
Летот го напуштил Каскавел и бил на пат кон Гуаруљос, во државата Сао Паоло, кога го изгубил сигналот непосредно пред 13:30 часот по локално време, според „Флајтрадар24“. Последниот пренос на податоци од авионот бил во 13:22 часот по локално време.
Засега нема информации што ја предизвикало несреќата, изјави извршниот директор на „Воепас“, Едуардо Буш на прес-конференција.
„Целиот тим беше компетентен. Очекуваме пристап до сите комуникации меѓу пилотот и контролната кула за да разбереме што се случило.
Додаде дека авионот има две црни кутии, а државата две висококвалификувани лаборатории за нивна анализа.
Queda de avião em Vinhedo, SP: imagens ao vivo do Globocop mostram local do acidente.
➡ Assista ao @estudioi com @AndreiaSadi: https://t.co/bFwcwLpLU9 #Estúdioi #GloboNews pic.twitter.com/8N3nEa4Sw0
— GloboNews (@GloboNews) August 9, 2024
Медицински тим е на лице место и работи на идентификување на жртвите, од кои многумина се премногу изгорени за да можат визуелно да се идентификуваат, изјави на прес-конференција министерот за безбедност на Сао Паоло, Гилерме Дерите.
За да помогнат во идентификувањето на телата, од семејствата е побарано да ги споделат медицинските досиеја на жртвите „како што се радиолошки, медицински и/или стоматолошки прегледи“, се вели во соопштението.
Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва повика на едноминутно молчење и прогласи тридневна жалост.
Претставниците на „Воепас“ рекоа дека компанијата го помина попладнето обезбедувајќи хотели и психолози за семејствата на жртвите и поддршка. Градското собрание на Винхедо во петокот објави дека чека тим од бразилските воздухопловни сили ќе започне со истрага за причините за несреќата.
Бригадникот Марсело Морено, кој ја предводи бразилската агенција за воздушни несреќи ЦЕНИПА, на прес-конференција рече дека екипажот на авионот не пријавил никакви итни случаи пред падот.
🚨🚨BREAKİNG NEWS 🚨🚨
Another video emerged about the crash of the plane carrying 68 passengers in Brazil..
The images are horrible..#BreakingNews #brasil #airplane #BBCBreaking #brazil pic.twitter.com/Ju6j29oDyY
— Berkan Yılmaz (@Berk04790) August 9, 2024
„Прелиминарно знаеме дека нема информации за леталото, ниту дека авионот бил во каква било вонредна ситуација“, рече тој на прес-конференцијата.
Буш, извршен директор на „Воепас“, рече дека авиокомпанијата тесно ќе соработува со CENIPA за да ја истражи несреќата.
Според податоците за регистрација на бразилскиот авијациски регистар, авионот бил произведен во 2010 година и купен од авиокомпанијата во септември 2022 година. „АТР“, производителот на авионот, соопшти дека е свесен за падот и дека работи на поддршка на истражителите.
„Она што можеме да го кажеме во овој момент е дека „АТР“ е известен дека се случи несреќа во Виндхед, Бразил. Нашите мисли се со сите поединци погодени од овој настан. Експертите на „АТР“ се целосно ангажирани да ги поддржат и двете истрага и клиентот“, се наведува во соопштението за медиумите.