Претставникот на организацијата „Не дамо Јадар“ Златко Кокановиќ денеска потврди дека по синоќешниот протест тројца активисти се осудени на 40 и 30 дена затвор за нарушување на јавниот ред и мир и ги повика граѓаните масовно да се соберат пред зградата на Владата на Србија вечерва во 18 часот .
„Во 18:00 часот на раскрсницата кај Владата на Србија мора да се собереме во што поголем број. Ова е Северна Кореја“, рече Кокановиќ. Тој оцени дека пресудата против активистите е политичка.
„Ова очигледно не е судиска пресуда, некој одозгора донесе пресуда, а тие се само личности кои извршуваат туѓи наредби“, изјави Кокановиќ за бечлградски медиуми.
Актерката Јелена Ступљанин ги повика граѓаните „да излезат надвор“, пренесе ТВ Н1.