Интегрален текст од соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:
Не знаеме што ги мотивира ДУИ да зборуваат за урбана мафија кога се зборува за одговорност на нивни функционери, но очигледно си ја бркаат мувата од капата. Ова соопштение на ДУИ е како народната поговорка – ем шуто, ем боде.
ДУИ е во паника зошто зетот на Ахмети, семејството на Муса Џафери, синови на нивни поранешни функционери и Пуцко Петрол нема да можат да градат кај ќе стигнат.
Кога ДУИ зборува за урбана мафија дали заборава на зетот на Ахмети, семејството на Муса Џафери и Пуцко Петрол?
7 години ДУИ ја држи урбаната мафија. Нема фирма која што гради, а да не е на некој начин поврзана со ДУИ.
7 години ДУИ направи градежен хаос и во Скопје и низ државата.
ДУИ е во паника зошто нивните олигарси, како зетот на Ахмети, семејството на Муса Џафери, синови на нивну поранешни функционери и Пуцко Петрол нема да можат да дивеат како што замислувале.
Нема повеќе дивоградби на Шар Планина, ниту пак на други места.
А кога сме кај урбаната мафија нема веќе и Артан Груби да договара подизведувачи на патишта.
Одговорност за се ќе има. ДУИ се што украле од народот ќе треба да вратат. Додека тие ја оставија државата ограбена, децата и од Тетово и од Штип се иселуваа. Тоа ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту народот ќе им го прости.