Х.В.(57) од Република Чешка вчера пријавил дека на регионалниот пат Свети Николе – Куманово кај местото викано „Павлешенска чешма“, при движење со неговата „шкода“ со чешки национални ознаки, настанал пожар на неговата камп приколка, која била прикачена на возилото.
Од Територијалната противпожарна единица Свети Николе пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема. По овластување на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе.