На 10.08.2024 година во 18.30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид – Ресен, во атарот на селото Свињишта, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „Триумф” со ресенски регистарски ознаки, управуван од А.А.(48) од Ресен и патничко возило „Хјундаи” со битолски регистраски ознаки, управувано од П.Т.(49) од Битола.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо” во Охрид. Увид изврши увидна екипа од СВР Охрид.