61-годишниот Горан С. е уапсен под сомнение дека пред четири дена го убил Б.П. (61) од Македонија, сегашен брачен партнер на неговата поранешна сопруга. Убиството се случило во местото Бела Црква.
Се сомнева дека Горан ја оттурнал жртвата, која со главата удрила во бетон.
Жителите кои го познавале Горан рекле дека се во шок поради убиството, и не можеле да поверуваат дека тој го сторил тоа.
„Неговата поранешна сопруга Верица дојде до Македонец кај соседот на Горан. Сите заедно седеле и пиеле кафе, а Македонецот бил во дворот. Горан излегол и се упатил кон својата куќа, Македонецот го нападнал и настана вербален конфликт. Македонецот удрил со глава во бетон, а во болницата констатирале смрт“, рече Драган, пријател на Горан.
Наводно убиецот работел долго време во Италија, и се вратил во Србија поради болест.
Мештаните тврдат дека Верица и Македонецот дознале дека убиецот имале пари и сакале од него да изнудат.
Осомничениот Горан е веќе во притвор, а потоа ќе биде сослушан.