Гувернерот на руската област Курск, Алексеј Смирнов, денеска изјави дека Украина контролира 28 населени места во пограничниот регион и дека силите на Киев влегле 12 километри на руска територија за време на инвазијата што започна на 6 август.
Смирнов рече дека украинските сили користеле гранати со хемиско оружје за време на нивниот упад таму, пренесоа руските медиуми.
Не е јасно дали Смирнов дал некакви докази во врска со тоa.