Вчера околу 20.00 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека осуденикот М.С.(40) од Битола проголтал пакување со прашкаста материја, соопшти МВР.
Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје за укажување помош.
„Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од Министерството за внатрешни работи.