Скопје се уште е на удар на топлотниот бран „Луцифер“ кој донесе нереално високи температури.
Денеска можеби беше најтоплиот ден годинава а на скопскиот асфалт во еден момент температурата достигна над 50 степени целзиусови.
Со нереално високи температури Скопје и Македонија очекуваат да заврне дожд кој ќе ги спушти температурите но и ќе помогне при гаснењето на бројните пожари низ државата.