Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Единица за корупција, до Основното јавно обивнителство Куманово, поднесе кривична пријава против Ф.Н.(48) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „фалсификување исправа” казниво по член 378 од Кривичниот Законик.
Пријавениот Ф.Н., сопственик и управител на друштво за трговија и туризам од Куманово, во текот на јуни 2024 направил лажна исправа – Извод од лиценца за вршење меѓународен превоз на патници за сопствени потреби во која внел невистинити податоци. Лиценцата за меѓународен превоз му истекла на 24.06.2024 и за да не ја пропушти предвидената тура на релација Скопје – Кушадаци на компјутер ја променил годината на важност на Изводот од лиценцата од 2024 во 2025 година и ја ставил во документацијата на автобусот.
На 26.07.2024 на Граничен премин Деве Баир, возачот ја приложил лиценцата на увид и притоа полициските службеници констатирале дека е фалсификувана.