Метео анализа на Славчо Попоски:
Денешниот ден (петок) во Македонија повторно ќе биде екстремно топол, па така насекаде низ државава температурите ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите централни предели, како и во Скопската котлина температурата повторно може да надмине и 40 степени.
Сепак, во попладневните часови, особено во источните предели се очекува локален развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на краткотрајно невреме.
За време на овој викенд пак, како и во почетокот на следната седмицаf на многу места во Македонија ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има и појава на посилно невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни грмежи и електрични празнења и со појава на град. Детална анализа околу ова очекувајте во следните мои метео објави.