На 15.08.2024 во 12.30 часот на Граничен премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода Б.Б.(45) од Центар Жупа затоа што при гранична контрола и проверка било констатирано дека идентификацискиот број на патничко возило „ферари 488″спајдер” со германски национални ознаки, кое го управувал, бил фаслсификуван. Возилото било одземено, а лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.