Пожарот на Илинска-Плакенска Планина, во близина на селата Вирово и Слоештица, моментално е ставен под контрола, соопштуваат локалните власти. Оваа вест донесе олеснување за жителите на околните населби, но отвори прашања за причините за појавата на овој пожар.
Мештани од село Вирово тврдат дека пожарот е предизвикан од таканаречени „огнени балони“. На социјалните мрежи се појавија видеа и фотографии кои наводно ги прикажуваат овие балони, кои можат да се видат како лебдат над селото, запалени со оган.
„Споделувајте итно, сите селани го видоа со голо око, над село дојде како љубовен балон запален со оган“, пишуваат жителите, кои предупредуваат дека вакви инциденти претставуваат сериозна опасност за шумските подрачја и блиските населби.
Властите апелираат до граѓаните да се воздржат од вакви активности, кои можат да предизвикаат големи штети и да ги загрозат животите на луѓето и животните во околината.