Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за здравство, Арбен Таравари ќе ја посетат ЈЗУ Универзитетската Клиниката за дигестивна хирургија Скопје.
Воедно, ќе се отвори комплетно реновираното одделение за дигестивна хирургија кое започна со реконструкција пред 30 дена во вредност од околу 700.000 евра, донација од Јапонската амбасада и подразбира набавка на нови кревети, плакари, врати и осветлување.
Исто така преку Министерството за здравство годинава е набавена апаратура во вредност од 1.000.000 евра за лапароскопски столб и изведба на оперативен зафат со употреба на флуоресцентен контраст.