Ноќва околу 00.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на бул.„Трета македонска ударна бригада“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 17- годишник од с.Отља, општина Липково, со место на живеење во Швајцарија и мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Х.С.(30) од с.Грушино, општина Арачиново, по што мотоциклот удрил во паркирано патничко возило „фиат“ со кумановски регистарски ознаки, паркирано од А.Ш.(39) од с.Оризари, липковско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во болницата во Куманово.
По наредба на Јавен обвинител, извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово.