Брзите кредити се едни од најактуелните опции за финансирање во изминатите неколку години. Се повеќе лица се одлучуваат за брзи кредити заради нивната лесна достапност и поволни услови, но не секој од нив знае точно што е брз кредит.
Затоа, во продолжение ќе објасниме кои се карактеристиките на брз кредит и што е тоа што го прави лесно достапен за секого.
Што е Брз Кредит и Како се Подигнува Брз Кредит?
Брз кредит е заем кој се одобрува и исплаќа во релативно пократок период, споредено со традиционалните кредити. Рокот на одобрување и исплата кај брзите кредити најчесто е од неколку часа до еден ден.
За да едно лице подигне брз кредит, треба да аплицира онлајн или во најблиската филијала на финансиско друштво, приложувајќи само основни документи за идентификација и доказ за приходи. Брзите кредити се често со понизок износ, па затоа постапката за одобрување и исплата е многу побрза и поедноставена.
И покрај сите поволности на брзите кредити, мора да се земе во предвид висината на каматната стапка, која е често повисока од таа на традиционалните кредити. Но, тоа не значи дека брз кредит со ниска каматна стапка е тешко да се најде! Доколку имате висок кредитен рејтинг и одговорно раководите со вашите финансии, брзите кредити ќе бидат се поповолни за вас.
Pазлика помеѓу брз кредит и традиционален кредит
Како што самото име кажува, брзите кредити имаат значително пократко време на одобрување и исплата. Ова е една од главните карактеристики што ги прави овие кредити различни од традиционалните. Додека брзиот кредит се одобрува во рок од неколку часа, традиционалиот може да потрае и до неколку недели.
Втората работа што ги прави овие два кредити различни е текот на процедурата и потребната документација. Брзите кредити се достапни и онлајн односно имаат брз кредитен процес, додека за традиционален кредит, кредитобарателот мора да е физички присутен во банка.
Во однос на документацијата, за брзите кредити е потребно само документ за лична идентификација и доказ за приходи. Додека за традиционалните кредити е потребно приложување на кредитни и банкарски извештаи и многу други документи.
Трета, и прилично битна карактеристика која ги прави брзиот и традиционалниот кредит различни е каматната стапка. Покрај поволните услови, брзите кредити имаат и високи каматни стапки бидејќи не бараат детална анализа на кредитоспособноста на кредитобарателот.
Последната работа што ги разликува овие два типа на кредит е износот на заемот и рокот на отплата. Износите кај брзите кредити се прилично мали и варираат од неколку недели до неколку месеци, додека традиционалните кредити се достапни во повисоки износи за кои рокот на отплата може да достигне и неколку десетици години.
Предности и Недостатоци на Брзи Кредити
Како и секој тип на кредит, така и брзите кредити имаат свои предности и недостатоци. Во продолжение, ќе ги разгледаме главните поволности и потенцијалните ризици што доаѓаат со брзите кредити, и ќе објасниме како истите да се избегнат.
Предности
- Брзо одобрување и исплата
- Минимална документација
- Лесна онлајн достапност
- Брз финансиски надоместок за лица со низок кредитен рејтинг
- Најчесто нема потреба од гаранции и обезбедување
Недостатоци
- Високи каматни стапки
- Можни дополнителни трошоци и пенали за задоцнета отплата
- Ризик од презадолжување поради неодговорно користење
Повеќето недостатоци на брзите кредити зависат од однесувањето на корисникот на кредит. Доколку кредитот не се исплаќа во договорниот период, кредитодвателот има право да наплати казни и пенали за секој задоцнет ден од крајниот рок на отплата.
Кај ризикот од презадолжување, исто така е одговорен корисникот на кредит. Иако постојат рефинансирачки кредити за затварање на веќе постоечки долгови, неодговорното раководење со заемите може да доведе до презадолжување и нарушување на финансиската стабилност.
Заклучок
Се надеваме дека оваа статија Ви помогна да научите што е брз кредит и кои се неговите предности и недостатоци. Брзите кредити може да бидат многу корисни во итни и непредвидени ситуации, но треба внимателно да се разгледаат условите и потенцијалните ризици пред да се земе таков тип на кредит.
ПР Текст