Под наслов „Што се случува во земјава“, албанските медиуми пренесуваат загрижувачка појава на самоубиства.
Само во последните два дена регистрирани се седум самоубиства, од нив дури шест во Тирана, при што оние кои одлучиле сами да си пресудат се на возраст од 21 до 81 година.
Последниот трагичен настан се случил попладнево во Тирана кога 28-годишно момче е пронајдено обесено во својот дом. Денеска на пладне 60-годишен маж се самоубил со давење во вештачкото езеро во Тирана, пренесуваат медиумите.
Другите четири самоубиства, жени на возраст од 23 до 81 година во Тирана скокнале од повеќекатници или се обесиле во нивните домови.
Едно од самоубиствата е регистрирано во село Чука кај градот Љушња, се самоубило со давење во вода 21-годишно момче.