Луѓето од целиот регион често се носталгични за поранешна Југославија, нејзиниот начин на живот, навики, храна, изглед, гардероба, филмови, музика и трендови кои ја одбележале оваа ера.
Корисниците на социјалните мрежи неодамна споделија фотографија од плажа во Хрватска од 80-тите години на минатиот век, која го прикажува летувањето во тоа време како целосно поразлично од денешниот ден. На сликата, можеме да видиме како луѓето тогаш биле безгрижни, опуштени и без комплекси.
Лежалките се чини дека биле реткост, многумина немале ни пешкир, а Интернетот бил не познат поим. Сите се дружат и разговараат меѓу себе, создавајќи атмосфера на хармонија без стрес и трка за најдоброто место на плажа или плаќање за да бидат на списокот.
Дали тоа било подобро или полошо? Оставаме на вас да процените.