Вчера во 17.12 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица Козара во Скопје две лица фрлиле експлозивна направа, по што настанал пожар на сува трева. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Полициски службеници излегле на местото и пронашле делови од шок бомба. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.