Интегрален текст од соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:
Одговорност за Пајазити кој го пушти Блерим Рамадани да избега, заради судиите од СДС и ДУИ народот има 2% доверба во судството.
Се додека судиите на СДС и ДУИ палат и гасат во судството нема да има правда.
Потребни се итни и коренити промени. Потребно е распуштање на Советот на јавни обвинители и Судскиот совет.
Иџет Мемети беше заменик претседател на Советот на јавни обвинители, призна дека земал поткуп, исто и Наќе Георгиев, Врховен судија и член на Судски совет. И двајцата се истурени експоненти на СДС и ДУИ.
Пајазит Пајазити, близок до ДУИ му досуди на Иџет Мемети условна казна затвор, а претходно дозволи Блерим Рамадани да избега. Кадрите на ДУИ и СДС го рушат системот. Распуштање на Судскиот и Советот на јавни обвинители мора да има. Одговорност мора да има.