Министерот за здравство Арбен Таравари, заедно со претставници на Комисијата за позитивна листа, денеска ќе одржи прес-конференција по повод воведување нови лекови на Позитивната листа, информираат од надлежното министерство.
– Мислам дека е огромен чекор напред, девет нови лекови, а во минатите 15 години само еден лек е ставен, така што, ви гарантирам дека ќе има нови лекови, дека наскоро ќе седнеме со Комисијата и ќе видиме што се можностите и потребите, одговори Таравари завчера на новинарско прашање.
Прашан за тоа дека онколошки пациенти се практично незадоволни од ревидирање на Позитивната листа и бараат да бидат вклучени во следното ревидирање, тој рече дека за шест месеци би требало да има повторна ревизија.