Пратеничката од редовите на СДСМ, Славјанка Петровска ги коментираше последните случувања со инцидентите во Скопје, особено вчера кога беше убиено едно лице кај Мавровка.
Таа постави прашање до МВР зошто не го објавува идентитетот на уапсените и осомничените.
„Дали МВР не ги соопштува нити иницијалите на уапсените, ниту по тој што се трага, дали е можеби затоа што се луѓе кои се затвореници, и наместо да бидат во затвор, а тие се на улица и се слободни. Јас имам информации дека МВР имало распишано потерница по нив, и не можат да ги најдат?“, прашува Петровска.
извор ТВ21