Во текот на вчерашниот ден (вторник), циклонската активност со центар над Италија најмногу влијаеше на времето во Македонија. Токму поради ова во поголем дел од државава имаше појава на врнежи, грмежи и засилен ветер.
На повеќе места имаше појава на посилно невреме, проследено со силен ветер и со појава на град.
На фотографијата можете да видите како вчера изгледаше нестабилноста и олујниот облак над Охридското езеро.