Метеоролошка занимливост: Од секогаш се менувале екстремно топлите, со екстремно ладните периоди, така ќе биде и во иднина

Метео анализа на Славчо Попоски:

Почитувани мои, еве една многу занимлива метео архива, на која може да се види дека во далечната 1950 година, и тоа на самиот крај на август, територијата на целиот Балкански Полуостров, нормално и нашата Македонија биле зафатени од екстремна топлина (слична на оваа која ја предизвика “Луцифер”).

Тогаш температурите на многу места се искачувале, па и надминувале 40 степени.

Сакам да кажам дека од секогаш се менувале екстремно високите, како и екстремно ниските температури на воздухот, сме имале и екстремно студени зими со многу снег, а сме имале исто така и многу поблаги зими во минатото, летата исто така биде променливи (имало и екстремно топли и суви лета, но и посвежи и поврнежливи, така ќе биде и во иднина.

Треба да знаете
Последни објави