Интегрален текст од соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:
ВМРО-ДПМНЕ продолжува со исполнување на својата програма, продолжува да работи во корист на секој еден граѓанин.
Катастарските услуги поевтинуваат до шестпати. Или до милиони евра за една година ќе остануваат во џебот на граѓаните.Станува збор за намалување на цената на чинење за катастарските услуги за четири, пет, се до шест пати.
Дополнително, катастарот полека се ослободува од криминалот. Следат активности на надлежните органи за справување со корупцијата и криминалот.
Исто така, односот кон граѓаните станува поинаков, се намалуваат гужвите, се намалува корупцијата, предметите ќе се решаваат со ред согласно законските прописи. Колку за илустрација само за овие речиси помалку од два месеци се решени илјадници предмети. Сето ова дополнително ќе биде видливо за секој еден граѓанин.
Иако ВМРО-ДПМНЕ наследи уништени институции, за само речиси два месеци почна да ја елиминира корупцијата, парите да остануваат во џебот на секој еден граѓанин. Тоа ќе биде видливо од ден на ден. Институциите веќе се вратени на граѓаните.