Јавното здравство перидодов е во фокусот на јавноста најчесто поради скандалите што се случуваат поради неажурност и лоши медицински услуги.
Но има и граѓани кои се задоволни од услугите што ги добиваат на скопските клиники.
Едно такво е сведоштвото на еден граѓанин кој е задоволен од работата на одреден медицински персонал на Клиниката за онкологија.
“Јас сум онколошки пациент и сакам да ја изнесам и мојата приказна, дека не е се така црно на Онкологија. Ќе почнам од прегледот кај мојот онколог Др. Марина Вукашиновиќ Столевска која е една прекрасна личност полна со емпатија. Нормално редот за преглед кај докторката е голем бидејќи цела Македонија се лекуваме тука во Скопје. И покрај толку пациенти таа е сталожена, внимателна и полна со љубов и разбирање кон секој пациент индивидуално. Темелна и секогаш детална, јасна и концизна. Ќе продолжам во Дневна болница каде да не претерам 70% од пациентите ја примаме терапијата. Самата слика е страшна, но кога ќе влеземе внатре таму секогаш е сестра Јасмина која секогаш е насмеана, мила, полна со живот и енергија. Кога ќе ја видиме на момент забораваме на самата дијагноза. Кога ќе видите една таква убава, насмеана и мила сестра која зрачи со љубов и скромност колку и да ви бил лош денот и резултатите заборавате. Таа е типичен пример како треба да изгледа една сестра. Секогаш соодветно облечена во униформа, со мантил, нежно нашминкана, косата секогаш собрана и секогаш позитивна и насмеана. Да може да се клонира и во секоја здравствена институција да има по една сестра Јасмина би било одлично. Многу сестри треба да учат од неа. За нас онколошките пациенти тоа ни е од големо значење и помош. Ова е мојата позитивна страна на Онкологија. Се надевам дека и други онколошки пациенти ќе излезат со позитивни приказни. Ви благодарам Др. Марина и сестра Јасмина што постоите. Вие ја враќате вербата дека и во јавното здравство работата посветени и професионални здравствени работници“ се наведува во сведоштвото објавено на социјалните мрежи.