Во сообраќајната несреќа што се случи утринава околу 7 часот и 50 минути во Умка на Новиот обреновачки пат во која учествуваа камион и автобус, загина едно машко лице, додека 14 лица се пренесени во Ургентниот центар. соопшти МВР на Србија.
Итната медицинска помош соопшти дека петмина од повредените се во критична состојба.
Припадници на МВР на Србија се на терен, а сообраќајот се насочува кон стариот Обреновачки пат.