На 23.08.2024 во 13.02 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Никола Тесла” и ул.„Бранислав Нушиќ” во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале мопед „веспа” со скопски регистарски ознаки, управуван од А.М.(48) и патничко возило „пежо” со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(45) двајцата од Скопје, а мопедот удрил и во две паркирани возила. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза”. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.