Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи повтори дека неговата земја ќе одговори на убиството на политичкиот лидер на милитантната група Хамас, Исмаил Ханије, минатиот месец во Техеран.
– Реакцијата на Иран на израелскиот терористички напад во Техеран е конечна и ќе биде одмерена и добро пресметана. Не се плашиме од ескалација, но не ја бараме – за разлика од Израел – напиша Арагчи на Х
Арагчи изјави дека тоа го кажал во телефонски разговор со италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани.