Управата за јавни приходи извести дека денес се генерираат налози за отпочнување на исплатата на парите од „Мој ДДВ“.
„Известуваме дека во однос на враќање на дел од данокот на додадена вредност искажан во фискалните сметки на физичките лица за последното тримесечје се генерираат налози за отпочнување на исплатата, се вели во соопштението на УЈП.
За ова тримесечје ќе се исплатат околу 858.059.205 милиони денари на 491.407 граѓани кои скенирале фискални сметки за период април-јуни 2024 година“, велат од УЈП.
Исплатата доцнеше бидејќи се чекаше Собранието да го изгласа ребалансот на Буџетот.