Две лица се приведени поради сомневање дека извршиле кражба на велешко подрачје, соопшти полицијата.
Полициска екипа од СВР Велес синоќа во Градско привеле двајца прилепчани, 41 годишниот Д.И. и 33 годишниот Н.А., поради постоење на сомнение дека уништиле и оштетиле јавна инсталација на Македонски Железници Инфраструктира на железничка пруга Велес- Градско, во близина на фабрика ХИВ.
Од Македонски Железници информираа дека кражбата синоќа била веднаш регистрирана во нивниот диспечерски центар, а на самото место се упатиле двајца вработени од Гевгелија, кои кога стигнале таму забележале како возило бега од локацијата. Вработените веднаш ја известиле полицијата, која двајцата крадци со украдениот бакарен кабел за сигнализација во нивното возило ги фатила во Градско и ги привела.