Русија изврши неколку бранови ракетни и напади со беспилотни летала во текот на ноќта насочени кон Киев и други региони, соопшти украинската војска рано утринава, еден ден по најголемиот таков напад на Москва.
За време на ноќниот напад загинаа најмалку четири лица, пишува Би-Би-Си.
Меѓу метите бил и хотелот „Аурора“ во градот Криви Рих, кој бил целосно уништен. Руските сили истрелаа балистичка ракета кон него. Најмалку две лица загинаа во нападот, а пет беа повредени.
Спасувачите ги пребаруваат урнатините за да најдат дополнителни жртви.