За Новак Ѓоковиќ нема граници. Тој собори уште еден рекорд во Њујорк откако го победи Раду Албот.
Тој стана играчот со најмногу триумфи во историјата на стадионот Артур Еш. Тој стигна до неверојатни 78 победи на најголемиот тениски објект на планетата.
„Не го знаев тој факт, ова е најголемиот и најгласниот стадион во нашиот спорт. Ноќните сесии се одлични, неверојатна енергија, благодарност до сите што дојдоа. Среќен сум за уште едно интересно достигнување“, изјави Ѓоковиќ.
По победата тој се огласи на социјалната мрежа Инстаграм со кратка порака.
„Одлично е што се вратив во ЕШ. Многу посебно место за мене. Второ коло, одиме“, напиша Ѓоковиќ.