Во Скопје да се најде хигиеничарка за дома е луксуз !

Во последно време, жителите на Скопје се соочуваат со значителни предизвици кога станува збор за одржување на хигиената во нивните домови. Најголемата потешкотија е тоа што станува речиси невозможно да се најде хигиеничарка или куќна помошничка која е слободна за ангажман, барем еднаш месечно. Овој проблем не произлегува само од недостигот на расположливи лица за овие услуги, туку и од големата побарувачка која ги држи овие професионалци резервирани месеци однапред.

Млада жена од Скопје споделува дека, и покрај нејзината желба да го одржи својот дом чист и уреден, се соочува со значителни пречки при наоѓањето на соодветна помош. „Речиси сите хигиеничарки со кои контактирав, а ми беа препорачани од пријатели, се целосно зафатени и немаат слободни термини за следните 2 месеци. За едноставно чистење на мојот стан од 60 квадрати, тие бараат околу 2.500 денари. Но, проблемот не е во парите, туку во тоа што не можам да најдам жена која би прифатила да дојде и да работи,“ објаснува таа.

Во меѓувреме, хигиеничарка која разговарвме од Скопје открива дека и покрај тоа што официјално се води како невработена, нејзината работа е толку барана што едвај наоѓа време за одмор. „Работам секој ден, без пауза. Се обидувам барем во недела да земам слободен ден, но многу од моите редовни клиенти ми се јавуваат и буквално ме молат да им помогнам. Од друга страна, мојата работа е добро платена. За стан од 50 до 70 квадрати наплаќам околу 2.000 до 2.500 денари, што вклучува бришење прашина, џогирање, чистење кујнски апарати, бришење прозорци и чистење на тоалетот. Работам брзо и обично завршувам за 3-4 часа, а во еден ден можам да исчистам два стана,” ни раскажува таа.

Оваа ситуација укажува на зголемена потреба за квалификувани професионалци во оваа област, особено во време кога свеста за важноста на хигиената и чистотата е на високо ниво. Дополнително, се поставува прашањето за вредноста на овој вид труд и потребата од подобра регулација и поддршка за оние кои работат во оваа сфера. Постојат можности за зголемување на бројот на лица кои би сакале да работат како хигиеничари или куќни помошници, но исто така е потребно системско решавање на ова прашање преку формализирање на оваа професија и обезбедување на фер услови за работа.

Потенцијалните економски предизвици, исто така, се важни за разгледување. Многу семејства, кои се обидуваат да го задржат стандардот на чистота во своите домови, се соочуваат со високи трошоци за овие услуги. За некои, ова значи промени во приоритетите или компромиси во други аспекти од нивниот живот

Треба да знаете
Последни објави