Службите за итни случаи трагаат по две лица кои исчезнаа во поплави и лизгање на земјиштето во јужниот италијански регион Кампанија, соопштија синоќа пожарникарите.
Пожарникарите објаснија дека една жена на 70-годишна возраст и нејзиниот син на 40-годишна возраст исчезнале од областа погодена од одрон во Сан Феличе а Чанчеро, во близина на Неапол.
Новинската агенција АНСА јавува дека обилните дождови предизвикале одрони на тоа место.
Пожарникарите ги евакуираат жителите од областа.
Жолтото предупредување за бури е на сила за поголемиот дел од централна и јужна Италија, вклучително и цела Кампанија.