Денеска е денот на Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) – голем православен празник и ден на сеќавање на Богородица, заштитничката на мајките, децата и болните.
Голема Богородица, како што се нарекува и овој празник, е обележан со црвена буква во православниот календар, а на овој ден верниците, особено жените, одат на причест бидејќи овој ден се смета за празник на жените и на мајките.
Според преданието, на денот на Успение на Пресвета Богородица, сите апостоли освен Тома се собрале околу нејзината смртна постела, а самиот Христос слегол со мноштво ангели по неа. Богородица Му се обратила со молитва на благодарност и побара благослов за сите оние кои ќе го почитуваат споменот на неа.
Бидејќи Пресвета Богородица се смета и за заштитничка на болните, верниците денеска посетуваат извори со лековита вода, на Литургии, како и во манастири да се помолат за здравје барајќи помош од Богородица. Со строг пост, во ова време се изразува благодарност кон Богородица преку молитви.
Обичај е на денешен ден да се заборави на обврските, на проблемите и на неволјите и да се посветиме на состојбата на својата душа.