На 27.08.2024 во 12.35 часот во СВР Скопје од Казнено поправната установа Идризово во Скопје било пријавено дека околу 12.00 часот во установата, во просторија за посети, нивниот осуденик Д.Ф.(35) од Скопје искршил стакло и се повредил, по што почнал обилно да крвари, а на пат кон Комплексот клиники „Мајка Тереза“ починал.
„Од страна на лекар констатирана била смрт. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција“, се вели во соопштението од МВР