Фудбалерот на Насионал, Хуан Искиердо починал синоќа во Сао Паоло, пет дена откако се онесвести за време на натпревар против истоимениот тим во осминафиналето од Копа Либертадорес.
Веста ја објави болницата „Алберт Ајнштајн“ во која се лекуваше уругвајскиот фудбалер, а потоа ја потврди и неговиот клуб. Како причина за смртта се наведува срцева аритмија.
Со најголема болка и шок, Национал потврдува дека почина нашиот драг фудбалер Хуан Искиердо. Изразуваме најдлабоко сочувство до неговото семејство, пријателите, колегите и саканите. Сите во Национал доживеаја ненадоместлива загуба“, се вели во соопштението од уругвајскиот клуб.