Во заедничка акција на Шумската полиција од Кичево и Граничната полиција, во атарот на село Колари е пресретнат камион натоварен со огревно дрво од државни шуми, без соодветни документи за превоз објави министерот Трипуновски.
Акцијата резултираше со запленување на камионот, кој е складиран во Полициската станица во Зајас, а против сторителите се поднесени соодветни пријави до надлежните институции.
Властите продолжуваат со интензивни акции во соработка со Министерството за внатрешни работи, Шумската полиција и Национални шуми, со цел целосно запирање на криминалните активности поврзани со нелегалната трговија со дрво и сеча на дрва. Во изјавата се нагласува дека сите инволвирани институции се максимално посветени на борбата против нелегалната сеча и трговија со дрво, што претставува сериозна закана за природните ресурси на државата.