Четирикратниот Грен слем шампион Карлос Алкараз верува дека прави слични движења со олимпискиот кошаркарски шампион Стеф Кари.
– Го гледав Кари како игра во живо на кошаркарскиот терен. Се обидувам да ги имитирам неговите движења, но навистина е тешко. Мислам дека и двајцата се стремиме кон истото – да ја направиме играта повозбудлива и поемотивна, ја цитира „ESPN“ изјавата на Алкараз.
Претходно, 21-годишниот Алкараз победи во првото коло на УС Опен. Шпанецот го совлада Ли Ту од Австралија со 6:2, 4:6, 6:3 и 6:1. Негов следен противник ќе биде Холанѓанецот Ботик ван де Зандшулп.