Надлежните служби во Јапонија денеска издадоа итно предупредување за пристигнувањето на моќниот тајфун Шаншан, кој се приближува до југозападните делови на земјата, придружен со обилни дождови и силен ветер, јавија локалните медиуми.
Предупредувањето за пристигнувањето на тајфунот Шаншан ја принуди компанијата Тојота да ја прекине работата во сите домашни производствени капацитети, пренесува Ројтерс.
Авиокомпаниите и железничките оператори, исто така, откажаа некои услуги во наредните денови поради овој тајфун, кој е категоризиран како „многу силен“ со можни налети на ветер од 50 до 70 метри во секунда (околу 252 километри на час).