Веб-страницата на Владата на Република Северна Македонија не функционира, односно таа е падната и е недостапна за јавноста.
„Веб-страницата наиде на неочекувана грешка. Обидете се повторно подоцна“,стои во пораката која се појавува.
На прашање од 360 Степени до Владата, зошто страницата не функционира, дали станува збор за технички проблем или пак за хакерски напад, одговорија дека интернет страницата на Владата е под константни хакерски напади.
„Интернет-страницата на Владата е под константни хакерски напади. Една од главните причини е слабата заштита наследена од претходно, иако биле потрошени десетици илјади евра. По констатирање на состојбата и увидување на проблемот, се работи на надминување на проблемот со цел страната на Владата да биде соодветно заштитена, соодветно и интернет-страниците на сите министерства“, одговорија од Влада.