Вчера пациент од село Доброште во видно алкохолизирана состојба влегол во тетовската болница и го нападнал докторот кој бил на смена.
„Вчера во 23.00 во СВР Тетово, било пријавено од Клиничка болница Тетово – Брза помош дека Р.К. од тетовско Доброште дошол под дејство на алкохол, агресивно се однесувал и физички го нападнал докторот И.С. (25) од Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.“, велат од СВР Тетово“, велат од МВР.